Услови и одредби за користење и купување

Последна измена: 15.10.2026 · 7 поглавја

1Општи одредби

1.1. Овие услови и одредби ги регулираат односите помеѓу Бутик А-Ексклузив (Продавач) и секое физичко или правно лице кое врши нарачка преку интернет страницата www.aekskluziv.com.

1.2. Со извршување на нарачка, купувачот потврдува дека ги прочитал, разбрал и безусловно ги прифаќа овие услови и одредби.

2Нарачка и склучување на договор

2.1. Нарачката се смета за извршена во моментот кога купувачот ќе ја потврди нарачката и ќе добие е-пошта со потврда за нарачката.

2.2. Договорот за купопродажба се смета за склучен во моментот кога продавачот ќе ја испрати потврдата за прифатена нарачка.

2.3. Продавачот го задржува правото да ја одбие нарачката во случај на:

  • недостиг на залиха
  • сомневање за злоупотреба
  • техничка грешка во цената или описот на производот

3Цени и начин на плаќање

Сите цени се изразени во денари (MKD) и ги вклучуваат сите давачки.

4Испорака

4.1. Испораката се врши преку курирски служби.

4.2. Трошоците за испорака ги сноси купувачот и се пресметуваат автоматски при наплатата.

4.3. Рок на испорака: 24–48 часа од потврдата на нарачката. Во исклучителни случаи (празници, временски непогоди или доцнење кај курирската служба) испораката може да трае до 5 работни дена.

4.4. Ризикот од загуба или оштетување на стоката преминува на купувачот во моментот на предавањето на пратката на курирот или при лично преземање.

5Право на враќање и рекламација

5.1. Купувачот има право да ја врати нарачката во рок од 14 дена од денот на приемот.

5.2. За да го оствари правото на враќање, купувачот треба да не извести писмено и да ја врати стоката во оригинално пакување, неупотребувана и со сите етикети.

5.3. Трошоците за испорака при враќање (поштарината за праќање на стоката назад до нас) ги сноси купувачот. Ако производот е неисправен или погрешно испорачан, трошоците за враќање ги сноси А-Ексклузив.

5.4. Парите се враќаат во рок од 14 дена од приемот на вратената стока.

6Заштита на лични податоци

6.1. Продавачот ги обработува личните податоци согласно Закон за заштита на личните податоци и GDPR (кога е применливо).

6.2. Податоците се користат исклучиво за извршување на нарачката, испорака и информирање за статусот на нарачката.

6.3. Целосната Политика за приватност е достапна овде.

7Завршни одредби

7.1. Продавачот го задржува правото во секое време да ги менува овие Услови. Новите услови стапуваат на сила со објавување на веб-страницата.

7.2. Со извршување на нарачка се смета дека купувачот ги прифаќа условите важечки во моментот на нарачката.

За сите прашања контактирајте не на:

Е-пошта: contact@aekskluziv.com
Телефон: 070/260-576
или ИСПРАТИ ПОРАКА ТУКА

Адреса: 8 Септември бр.40 Велес

Ви благодариме што пазарите кај нас!
Тимот на А-Ексклузив